Наспроти Европската комисија, која ја коригираше својата прогноза за падот на бруто домашниот производ во Македонија во 2020 година од 3,9 на 4,9 проценти, премиерот Зоран Заев тврди дека „блескаме“.
„Економијата се движи. И во 2020 година, кога во целиот свет има пандемија, ние имаме едни од најдобрите резултати на европскиот континент“, одговори тој на пратеничко прашање.
„Платата расте за време на пандемијата. Во овие години наназад 60 проценти е зголемена минималната плата. 30 проценти е зголемена просечната плата, сега е 27 илјади денари. 300 проценти социјално се помогнати граѓаните. 99 проценти буџетот ги наплати приходите, што само по себе е доказ колку економијата живее во државата благодарение на мерките, на транспарентноста, на помошта што ја дадовме. Тоа е патот по кој треба да продолжи државата“, објасни Заев.





