Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, вели дека неговата земја, која одржува пријателски односи и со Бугарија и Македонија, ќе се обиде да биде олеснувач во решавањето на разликите.
„По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на с. Македонија и Албанија. А како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и с. Македонија ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа“, вели Дендиас во интервју за „Јуроњуз“ пренесе МИА.





