Најпознатиот интернет пребарувач има можности за подобрување кои на корисниците им овозможуваат да заштедат време, батерија и меморија. Британскиот Индепендент издвои неколку важни моменти кои вие лесно ќе ги пронајдете и направите на вашиот апарат или компјутер, а потоа ќе ја поедноставите употребата на Google Chromе.
Пинувајте табови така што кога сурфате со поголем број на отворени страници можете да го намалите хаосот со „пинување“ на оние за кои сте сигурни дека ќе ви требаат најдолго и не сакате да се затворат. Притиснете десен клик на “таб“ и изберете „Пин таб“ по што прозорчето автоматски ќе се намали и ќе се премести лево.
Штедете батерија со тоа што ќе ја намалите брзината, па и перформансите. Одите во Сетингс, а потоа во Систем и отштиклирајте го полето „Continue running background apps when Google Chrome is closed“. Не се препорачува ова да го користите често, но ќе се најде кога полначот не ви е при рака.
Сурфајте побрзо со „Google’s Data Saver“. Тој ги компресира страниците што ги посетувате, со цел да се намали сообраќајот на податоци и да го забрза вчитувањето на страницата.
Ова се само дел од скриените опции на Google Chrome кои можете да го искористите и да бидете практични во работата или вооопшто во кристењето на пребарувачот.




