Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси Интернешнл (ЦПИ) за 2020 година ги рангира Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) меѓу земјите во светот каде состојбата на корупција најмногу се влошува.



И двете се најдоа на 111 место на листата од вкупно 180 земји, позиција којашто ја делат заедно со Панама и Монголија. Земјава бележи пад од осум места во споредба со состојбата во 2012 година.

Македонија е најлошо рангирана во регионот, со 35 бодови. Словенија има најдобра позиција во регионот со 60 бодови, по што следи Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија -38 и Косово со 36 бодови, пренесе Макфакс.