Во моментов не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од еуростандард 4. Тие возила не можат да се регистрираат и да се возат по патиштата низ Македонија, а наскоро би можела да стапи на сила и забрана за возилата под стандардот ЕУРО 5.



Министерот за економија, Крешник Бектеши најави промени во правилата за увоз на поволни автомобили што се очекува да помогне да се намали загадувањето и да се поднови возниот парк во земјата.

Во план се две мерки:

директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возилата кои ги имаат, а кои се под еуростандард 4, со возила со еуростандард 5 или 6.

субвенционирање на купување на хибридни возила.

За двете мерки е потребно да се обезбедат средства, дознава Дојче веле