Повторно е активна групата „Јавна соба“ на социјалната мреша Телеграм, на која се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.
22-годишна девојка раскажала оти нејзин пријател ја предупредил дека во групата била објавена една нејзина фотографија од фејсбук, како и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа, објави Сител.
Таа пријавила во полиција.
„-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот“, кратко одговорија од МВР за Сител.
Групата, која сега брои 5 600 членови, беше активна минатата година кога имаше околу 7.000 корисници, по што , наводно, била „згасната“.






