Бројот на лица заразени со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 100 милиони..



Според „Worldometer“, бројот на заразени со смртоносниот вирус е 100.297.653.

Една четвртина од пациентите паѓаат на Соединетите држави или 25,7 милиони.

На второ место според бројот на заразени е Индија со 10,7 милиони случаи, а трет е Бразил со 8,9 милиони.

Четвртото место го држи Русија со 3,7 милиони. Според последните податоци, бројот на смртни случаи од коронавирус е 2.149.835 лица. /Дојче веле