Претседателот на САД, Џо Бајден, потпиша указ за купување американски производи, со што се очекува да обезбеди поддршка за американското производство и за претприемачите.
„Кога купуваме американско, набавуваме од цела Америка – од сите нејзини заедници што беа изоставени од системот на државни набавки во минатото“, рече Бајден по потпишувањето на указот.
Според претседателот, клучниот план за обезбедување на иднината ќе биде купување на американски производи, пренесува Гласот на Америка (VOA).





