Во синоќешното интервју за ТВ Клан, претседателот Стево пендаровски изнесе мислење дека за жал вестите од Бугарија зборуваат за „тврд став и на опозицијата и на власта во однос на нашата земја, така што кој и да дојде по избори битна измена ќе нема”.



„Нивната теза е дека ние од тука треба да се откажеме од обидите да инсталираме некекво македонско малцинство во Бугарија. Принципот број еден во меѓународните односи, особено по 1945 година е немешање во внатрешните работи на други држави. Според тоа, ние не смееме и не сакаме да се мешаме во внатрешниот поредок на Бугарија. Но, ако некој индивидуално се декларира како Македонец и бара право во Советот на Европа или други организации кои се занимаваат со човекови права, тоа не значи дека некој од Скопје го инструирал и платил. Имаме луѓе кои се декларираат како Македонци и во Грција. Во Преспанскиот договор ние не се откажуваме од нив“, изјави Пендаровски.

Тој очекува засилен ангажаман и на САД на Западен Балкан по победата на Џо Бајден, бидејќи во неговата администрација има луѓе кои имаат директни искуства во регионот.

„еѓу нив е Викторија Нуланд, која има лична релација и со нас, со Северна Македонија, но и со регионот, посочи претседателот Стево Пендаровски“. МИА