Уапсениот Вевчанец Ѓорѓи Влајкиноски кого полицијата го приведе за време на карневалот за Василица открива колку луѓе во општината се заболени од Ковид-19.
Според Влајкиноски само две лица за цели 12 дена се заболени од Ковид-19 што значи дека полицијата и специјалците на МВР немале причина да интервенираат во општината каде што граѓаните внимавале на почитување на мерките за заштита.
🗿 Изминува и 12-тиот ден од 13.01.2021, ден кога во Вевчани #ПаднааМаските.
☢️ Од 11 јануари до денес во Вевчани има само 2 новозаболени случаи од Ковид-19 и истите не биле василичари.
🚓 Но вечно ќе остане срамот кога во Вевчани беа (зло)употребени специјалните единици. pic.twitter.com/qt7EGkeZUb
— Ѓорѓи Влајнкиноски 🇲🇰 (@gjorgjiVV) January 25, 2021





