Над 70% од матурантите го бојкотирале стартот на второто полугодие поради револтот за државната матура.
„ Нашите барања се разумни и поддржани од меѓународни примери и нема да се откажаме додека не ги оствариме“, порачуваат средношколците, кои бараат наместо 4, да полагаат два предмети за државна матура.
Мила Царовска, министерката за образование и наука, вели дека матурата треба да се спроведе на начин како што е сега утврден.





