Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари тврди дека министерството за здравство и министерот Филипче лажат кога тврдат дека во аптеките можат да се најдат лекарства кои се важни за лекување на заболени од Ковид19.
“Ги повикуваме новинарите да истражат во кои аптеки може да се набави готова инекција од типот на Clexane, Fraxiparine?
Ние тврдиме дека нема”, пишува Асацијацијата на својот Фејсбук профил.
Зошто овие лекови ги нема во Македонија а се лесно достапни во сите земји од регионот засега нема објаснување од здравствените власти.






