Ахмети пресече: На пролет решение со Бугарија


„Во интерес е и на Вашингтон и на Брисел да се реши ова прашање. Во овие 20 години ниту еднаш не сум бил разочаран од нивните постапки. Јас сум оптимист дека овој проблем ќе се реши уште во рана пролет.



Решението ќе дојде пред парламентарните избори во Бугарија“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети во одговор на прашање во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби.

Тој порача дека дебатата ќе се одвива за историјата и историските личности, додека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени.