Заев негира злоупотреба на луѓе за „Монструм“, сведоците погубни за премиерот

По откритието на обвинителката Фатиме Фетаи дека аудио материјалите и сведочењето на Зоран Заев не откриле поинаква вистина за случајот „Монструм“ од таа што предходно ја откри судот, денеска премиерот беше прашан дали ширел информации за други лица вмешани во случајот кои немале никаква вина.



Иако има сведоци кои го тврдат спротивното Заев сега вели дека никогаш не обвинувал ниту споменувал други лица за Монструм.

Заев: „Можно е да сум рекол дека јавно ќе ги објавам материјалите“ за убиството кај Смилковско

„Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот“, рече денеска премиерот Заев.

Но весникот Фокус на 03.02.2020 со наслов на текст:
“Рауфи до Заев: Дали се сеќаваш дека ни кажа дека Синиша Алексовски е автор на “Монструм”? Открива дека Заев сепак спомнувал имиња кои немале никаква врска со Монструм пред повеќе луѓе.

Дел од тие луѓе се поврзани со осудените во Монструм а дел се роднините на убиените деца и рибарот.

“Денеска во Кривичниот суд, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го испрашуваше и адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од обвинетите во “Монструм” .

Тој го праша Заев дали се сеќавал на еден состанок, на кој имало и претставници од меѓународната заедница.

-Дали се среќавате на една средба, бевме 12-мина, имаше и претставници од меѓународната заедница, кога разговаравме за “Монструм”, праша адвокатот Рауфи, а Заев истакна дека сега се потсетил.

Тогаш адвокатот додаде:

“А дали се сеќавате дека рековте дека автор на предметот, на “Монструм” е Синиша Алексовски”, прашал тогаш според Фокус адвокатот Рауфи.

Според текстот на неделникот тогаш Заев одговорил дека не се сеќава на такво нешто но не исклучил дека сепак имало такви информации.

“Не се сеќавам да сум спомнал такво нешто. Може сум прочитал нешто, сум слушнал нешто, и затоа пак ќе кажам дека случајот треба да се истражи до крај”, истакнал според Фокус тогаш лидерот на СДСМ.

На оваа тема на 3 февруари минатата година пишува и порталот мкд.мк кој објавил дека имињата на Трајко Вељаноски и на Синиша Алексовски се споменувале на судењето за случајот „Монструм“.

“Поранешниот собраниски спикер и некогашниот советник за безбедност на бившиот претседател Ѓорге Иванов најдоа место во дел од прашањата на Горан Наќевски, татко на убиениот Александар. Тој пред судот го потсети поранешниот премиер Зоран Заев дека кога мајките на убиените деца по свое барање биле кај него, тој им кажал дека на Смилковско Езеро има паднат мобилен телефон што му припаѓал на Алексовски, како и дека во овој случај е вмешан и Вељаноски.

На ова Заев беше дециден дека тој нема докази, ниту споменал вмешаност на Вељаноски во случајот и дека за тоа прочитал единствено од лажни текстови од квазиновинари, кои ги осуди, а за Алексовски појасни дека не се сеќава на таков разговор”, пишува мкд.мк тогаш.

Сведочењето на Заев и прашањата од родителот во врска со ова биле поставени и одговорени во дијалог што се одвивал на следниов начин:

Наќевски: „На мајките сте им кажале дека на Смилковско Езеро има паднат мобилен телефон и дека му припаѓа на Синиша од Агенцијата за разузнавање. Се сеќавате ли на ваков разговор?“

Заев: „Не се сеќавам на таков разговор. Но тоа можеби сум го кажал во смисла на тоа дека кружеле такви неофицијални информации“.

Наќевски: „Од вашата несериозност, господине Заев, од невработени, скромни и сиромашни семејства, станавме сè и сешто. А што ќе ми кажете за вмешаноста на Трајко Вељаноски во овој случај, за кого исто така сте спомнале пред мајките?“

Заев: „Сум постапил човечки. Како родители што трагаа по вистината ми поставувавте секакви прашања и секогаш сум давал сериозни одговори без намера за манипулација. Кога беше јасно дека имам снимки, сум можел да користам интригантни изјави за политички поени, но никогаш тоа не сум го сторил. Не се сеќавам на одговор што сум го дал а се однесувал на инволвираност на Трајко Вељаноски, но се сеќавам дека се пишуваа вести од квазиновинари во врска со тоа. Најостро ги осудувам ваквите невистини, на кои често и самиот сум жртва. Не сум видел никакви докази за тоа, освен неточни писанија“.

Според денешната изјава на Заев во врска со Вељановски и Алексовски лажат и родителите на убиените деца и рибар на Силковското езеро а лаже и адвокатот на убијците.

Дел од сведоците на изјавите на Заев како што објави вчера expres.mk веќе најавија кривична и други видови пријави против премиерот Заев за тоа што поради политички цели манипулирал и во опасност ставил луѓе кои немале никаква вина за случајот Монструм.

За едното од делата со кои се соочува Заев предвидена е и казна затвор.

Премиерот ќе добие кривична пријава за лаги и манипулации во “Монструм”