Дескоски: Јазикот согласно Преспанскиот договор, Уставот и новото име

Првиот човек на македонскиот тим историчари во Мешовитата комисија, Драги Георгиев, ги демантира тврдењата дека придавката „македонски“ исчезнала од записниците на последната средба на Мешовитатат макеодонско-бугарска комисија за историјата.



Тој во изјава за Канал 5 е категоричен дека придавката „македонски“ била и ќе биде во записниците од мешовитата комисија со Бугарија.

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски на социјалните мрежи објасни дека решението е согласно чл. 2 од Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани од 2019, кој пропишува дека употребата на придавката во однос на државата и нејзините органи ќе биде согласно новото име, согласно Преспанскиот договор.

Ваквото решение тогаш произлезе за да се избегне придавката „северномакедонски“ за именување на државните инситуции, пренесе Канал 5.

На следната средба на мешовитата комисија која е закажана за 25 и 26 февруари се очекува да се разговара за учебниците и заедничкото славење на Гоце Делчев, откри Ѓеоргиев. Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци.