Почина Лери Кинг, „Кралот“ меѓу водителите

Американски телевизиски и радио водител Лери Кинг, почина на 87-годишна возраст.



Причината за смртта на легендарниот водитеч, кој беше хоспитализиран на почетокот на оваа година поради вирусот корона, не е наведена.

Кинг ја започна својата кариера во Флорида како локален новинар и радиорепортер во 1950-тите, а во 1970-тите стана еден од најслушаните радио-водители во САД.

Светска слава стекна во своето ноќното ток-шоу Лари Кинг во живо, кое се емитуваше на „Си-Ен-Ен“ од 1985 до 2010 година.

Во едно од поседните гостувања на Си-Ен-Ен изјави дека внаправил 60.000 интервјуа во својата кариера.