Објавена кратка приказна за вакцините и неспособните (ВИДЕО)

Кратко видео кое содржи изјави на српската премиерка Брнабиќ, министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Заев покажува дека некој воопшто не знаел што треба да се направи за да се увезат вакцините или знаел а не ги завршил сите потребни чекори.



Во видеото што го објавува шефот на Комисијата за надворешна политика во Собранието Антонио Милошоски се гледа дека Брнабиќ индиректно ги обвинува македонските власти дека не сториле ништо околу увозот на Фајзер вакцините.

Од изјавите пак на Заев и Филипче може да се стекне впечаток дека се направени сите потребни подготовки.

Заев и Филипче не ја демантира Брнабиќ ниту пак имаше протестна нота за тоа што меѓу редови ги направи неспособни.