Новиот претседател на САД, Џо Бајден, ја предложи Викторија Нуланд за потсекретар за политички прашања на САД – де факто трет човек во Стејт департментот. Поборничка на студената војна, која ги уништи односите меѓу двете светски суперсили, Нуланд, според процените на многумина, е голем ризик за надворешнополитичкиот тим на демократскиот претседател,
пишува американскиот прогресивно-либерален веб-сајт Салон. .



Нуланд е ветеран во надворешната политика на САД и имаше неколку високи позиции, од американски амбасадор во НАТО за време на администрацијата на Буш, преку портпарол на Стејт департментот за време на администрацијата на Обама, до позицијата помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот.

Предлогот на Бајден Нуланд да биде потсекретар за политички прашања е показател за тоа каква политика планира претседателот кон Русија и Украина.

Повеќето Американци никогаш не слушнале за Викторија Нуланд бидејќи надворешната политика во принцип е најмалку интересна за Американците. Затоа повеќето од нив не знаат дека новата потсекретарка за политички прашања на САД е „заглавена“ во живиот песок на студеновоената политика и е поборник за проширување на НАТО, продолжување на трката во вооружување и натамошно ладење на односите со Русија.

За време на војната во Ирак од 2003 до 2005 година, Нуланд му беше советник на потпретседателот Дик Чејни, „Дарт Вејдерот на Бушовата администрација“, пишува Салон.

Меѓутоа, може да се кладите дека Украинците имаат чуено за неоконзервативката Нуланд. Многумина го слушнаа и го запамтија нејзиниот четириминутен разговор со американскиот амбасадор во Украина, Џефри Пјат, од февруари 2014 година, кога таа рече „Кој ја еб* ЕУ“.

Во тој разговор, кој протече во јавноста, Нуланд и Пјат коваа заговор да го соборат избраниот украински претседател Виктор Јанукович, а по тој повод Нуланд искажа недипломатско несогласување со Европската Унија…

ПОВЕЌЕ на МКД.МК