Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју за ТВ Алфа рече дека секој граѓанин има право на избор, и тие кои ќе одлучат да апстинираат, и тие кои ќе одлучат нормално да го отворат својот дом и да ги поканат внатре попишувачите кои ќе дојдат пред нивната врата.



„Тоа е избор на граѓаните“, вели Мицкоски. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ чека законот за попис да излезе во Службен весник да почнат со собирање потписи од граѓаните со кои ќе побараат во Парламентот да се укине донесениот Закон за попис.

Мицкоски вели дека опозицијата се спротиставила и на двојниот потпис со кој, според него, оваа операција е се’ само не статистичка.

„Практично процентите веќе некој ги знае, а овој двоен потпис само за секој случај да бидеме сигурни дека тоа што сме го договорили сме подале рака како коалицони партнери дека така ќе биде, а до колку некој измрда од овој договор тогаш тука е двојниот попис и нема тоа да го признаеме“, коментира Мицкоски за наводен договор меѓу СДСМ и ДУИ.