Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу вели дека сопственикот на објектот пред Мавровка има законско право да го врати во првобитната состојба како пред да биде опожарен, но не смее да излегува од габаритот, ниту од видот на градбата.



За се што ќе биде различно од објектот кој бил пред пожарот, вели Ганиу, Општината веднаш ќе постапува ќе ја прекине градбата и, како што потенцира, ако треба повторно ќе ги преземе сите мерки.

„Бидејќи неколку дена работеше, ние со нашиот инспекторат ги прекинавме работите и додека тој нема да го донесе истиот проект за објектот каков што бил, ние нема да дозволиме да работи ни квадратен метар во тој објект“, рече Ганиу.