Истражувањата потврдиле дека исхраната во која има зголемено количество маснотии може да придонесе за појава на карцином на простата, бенигна хиперплазија и простатитис. Освен битните ризични фактори кои ги препишуваме на животниот стил – пушењето, алкохолот и намалената телесна активност, голема улога во развојот на малигните заболувања има и исхраната.

Карциномот на простата се развива во жлездата наречена простата. Таа е со големина на костен и се наоѓа точно под мочниот меур. Оваа жлезда произведува дел од течностите во спермата. По канцерот на кожа , овој тип канцер е најчест меѓу машката популација. Тој се развива бавно, без да направи притоа сериозни нарушувања. Но, постојат и типови на карцином на простата кои се шират многу брзо и се многу агресивни.





