Ссо 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“, Собранието го донесе Законот за попис на населението, домаќинствата и становите.



За Законот гласаа пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и БЕСА, како и опозициската Алијанса на Албанците и Алтернатива, а ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата.

Така, пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година, според состојбата на 31 март 2021 година, во 24:00 часот, што ќе се смета за критичен момент на пописот..