Оставка на директорот на “статистика” при обид за “фингиран” попис (ВИДЕО)

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски ќе се повлече од својата позиција ако има политички притисоци при анализата и објавување на резултатите од пописот.



Во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа Симовски уверува дека не е можно да дојде до фалсификување на пописот и гарантира дека нема да има “фингирање” на резултатите.

Во врска со можноста неговиот заменик од ДУИ да ги блокира резултатите доколку на пописот се појават помалку Албанци од тоа што очекуваат во оваа и другите партии што како опција го најави пратеникот Арбр Адеми, Симовски најави оставка од позицијата директор на Заводот за статистика.

Директорот на ДЗС тврди дека досега со неговиот заменик од ДУИ има разбирање и дека не очекува да прави проблеми при објавување на резултатите.

Во исто време Симовски тврди дека со објавување на методологијата тој и неговиот заменик нема што да потпишуваат затоа што кога ќе бидат објавувани резултатите нема што да се потпише.

Во емисијата Симовски дава одговори на низа спорни прашања поврзани со пописот но дел од спорните точки не ги објаснува целосно.

Тој најави дека со споредба на податоците од попишувањето со дата базите во 6 други институции ќе се елиминира можноста некој што реално не живее во Македонија да биде потпишан како резидент односно жител на земјава.

За тие што ќе лажираат при попишувањето че следуваат ригорозни законски казни вели Симовски.

Симовски сепак нема одговор како ќе се проверуваат тие што подолго од 12 месеци реално живеат во странство а овде доаѓаат на неколку месеци и имаат државјанство, матичен број, банкарски сметки, плаќаат данок имот а никогаш не пријавиле пријавиле дека се иселиле од државата.

Симовски во интервјуто откри и индиректо ги обвини премиерот Заев и претседателот Пендаровски не се консултирале со него за можноста на пописот да користат машини за отпечатоци што за него е невозможно од повеќе причини.

Видеото од интервју на Симовски на Заспиј ако можеш на следниот линк

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/1311908779178240/