Бајден ја стопираше изградбата на ѕидот кон Мексико

На градежните екипи што го градат ѕидот долж американската границата со Мексико им беше наредено да запрат со работа откако претседателот Џо Бајден го исполни предизборното ветување да „паузира“ инфраструктурниот проект на администрацијата на Трамп.



Претседателскиот проглас на Бајден ја укина националната декларација за итни случаи што ја користеше претседателот Доналд Трамп за да пренасочи околу 10 милијарди долари од сметките на Министерството за одбрана кон бариерата, еден од најскапите федерални инфраструктурни проекти во историјата на САД, јавија медиуми.

Тој ги упати приватните изведувачи да престанат со работа „што е можно поскоро, но во никој случај подоцна од седум дена“, додека започнува целосна проценка на проектот за да утврди дали изворите на финансирање се легални и дали можат да бидат распределени на друго место.