„Штом е граѓанинот од албанска етничка заедница, турска, влашка итн… ако побара секако на својот јазик, ќе го добие патниот документ на својот јазик. Тоа се измените“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, пренесе „Независен“.
Според премиерот, Предлог-измените на законите за пасошите и за личните карти претставуваат усогласување согласно Уставот, каде се впишува уставното име на државата.






