Македонија беше рамноправна против Словенија до 22. минута, а потоа 12 минути не постигна гол и на крајот загуби со 31:21 на стартот од главната фаза од 27. Светско ракометно првенство во Египет.



Во таа прва третина од натпреварот „црвено-жолтите“ имаа и водство од 6:4, а по 9:9 буквално застанаа и во завршницата од првото полувреме и во почетокот на второто му дозволија на противникот со серија од 6:0 да си ја обезбеди очекуваната победа.

Иако не одигра вкупно ни едно цело полувреме, капитенот Кирил Лазаров повторно беше најефикасен во македонскиот состав со пет гола, а Танкоски, Талески и Кузмановски постигнаа по три.

Голманот Лесјак беше нерешлива енигма за избраниците на селекторот Данило Брестовац, завршувајќи го мечот со 17 успешни интервенции,

Во следното коло в петок од 15:30 часот Македонија за противник ќе ја има Русија.