Тетовската полиција ќе поднесе соодветен поднесок за 32 – годишник од Желино, кој на социјалните мрежи објавил како поминува на патарина без да плати билет покажувајќи одредена легитимација, а „чинот“ го објавил на Тик-Ток.
-Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (19.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
/





