На 8 јануари во градот Шиџијажуанг за десет часа е изградена лабораторијата „Хуојан“, во превод „Огнено око“, во која можат да се испитаат до еден милион примероци од тестови за Ковид-19, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Градот се наоѓа во северната кинеска провинција Хебеи, а новата лабораторија ќе му овозможи значително зголемување на капацитетите за Ковид-тестови.
Со ваква лабораторија, според последниот попис од 2002 година, во Македонија би се добиле резултати од евентуално тестирање на целото население за два дена!





