Царовска со полна уста јавна расправа за нејзината „реформа“, а одби ТВ-дебата

Бранејќи ја својата реформа на основното образование, министерката Мила Царовска тврдеше дека за неа (ќе) се води јавна расправа до 20 јануари, а два дена пред тој рок самата одби да биде дел од таква дебата на телевизија.



„Министерката не прифати да учествува“, соопшти водителот Боби Христов на почетокот од емисијата „Топ тема“ на Телма со тројца гости.

Во дебатата токму за нејзиниот концепт, според кој предметот историја ќе се укине како посебен и ќе се припои во заедничкиот „општествени науки“ со географија и со граѓанско општество, Царовска ќе можеше да ги вкрсти аргументите со поранешниот заменик-министер за образование и наука Петар Атанасов, со Деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, и со професорката од Факултетот за ликовна уметност, Јана Манева Чупоска.