Новинароит Ивор Мицковски реасгира на денешната најава на премиерот дека со Србија е договорена испорака на 8.000 дози Фајзер-вакцини и дека тоа е уште еден доказ за пријателството меѓу двете земји.



„Што прави овој наш трагичен премиер со вакциниве, се трти и брука со секоја наредна изјава, собира трошки од регионот, испаѓа комплетно смешен, не потврдува како банана држава.

Малку ли се избрукаа со Филипче во Софија седнат на маса покрај цела бугарска Влада ко некој клошар кој требаше да биде понижен и преку кој требаше Македонија да биде понижена.

Комплименти, успеавте во двете нешта.

Дека сте неспособни знаеме, дека касните знаеме, дека не го разбирате проблемот и потребата брзо и систематски да се вакцинираат барем 70% популација, тоа знаеме.

Престанете да се брукате и клошарите пошто ја брукате државата“, пишува Мицсковски за Фејсбук.