Во објава на дел од движењето #Бојкотирам се најавува дека дел од ова движење по урнек на Референдумот започнува со акција за бојкот на пописот.
Во образложението се даваат причините зошто не треба да се учествува во потпишувањето на населението:
Неделава беше актуелен законот за попис и успешниот обид на власта да го протурка законот со веќе вообичаената практика со “европско знаменце”. Метод кој власта успешно го применува кога има закон за носење, но сѐ плаши од расправа по текстот на законот и сака расправата и амандманите по текстот да ги скрати што е можно повеќе.
“Опозицијата”, мора да се признае жестоко го нападна законот, ќе беше убаво вакви да ги гледавме и во минатиот состав при менувањето на уставот и името, но секако под притисок на бројките и скратеното и ограничено време за расправа, не успеа да го смени текстот ниту да го спречи носењето на законот (нешто што беше однапред јасно). И така, добивме закон. Закон за кој Заев и власта велат дека е “европски”, а опозицијата на чело со Мицкоски, дека не е во согласност со европските стандарди.
Веќе видена ситуација кај нас, тотална неподготвеност на власта да отстапи од своите налудничави идеи, кои се појасно е дека одат само во една насока, растурање на Македонија.
Се поставува прашањето зошто ваков закон во кој ќе се попишуваат 3 групи на граѓани:
1. Граѓани кои живеат во Македонија и се физички присутни во време на пописот на територијата на државата.
2. Граѓани (жители) кои се отселени од државата (на привремена работа во странство, не подолго од 1 година) и
3. Државјани на Р. Македонија во странство.
И додека за првите 2 категории и не е спорно потпишувањето, бидејќи одговараат на пропишаните стандарди на ЕУРОСТАТ, третата група за попишување за прв пат влегува во “графите за попис”, односно до сега се користела друга по практична и по точна опција за одредување на точниот број, а тоа се вика “книга на државјани на Република Македонија” која се ажурира автоматски со секов упис или бришење од истата.
Зошто оваа категорија е внесена во пописот веројатно Заев и Али Ахмети најдобро знаат, но ние ќе пробаме да го одгатнеме тоа.
“Правата на националноста која претставува 20% од населението во РМ” е кованица согласно со Охридскиот договор и се однесува на Албанците во Македонија. И како што од самиот назив се заклучува се тесно поврзани со % застапеност. Поради тој факт, надлежните прават акробатики како овој број да се задржи, а интенцијата овој пат е да се зголеми, колку што е можно до фамозните 30%.
Зошто се овие 30% битни, бидејќи тоа е минимумот според општо прифатени меѓународни стандарди, некое население да побара федерација/конфедерација, нешто што ако добро се сеќавате Заев го вети пред албанската дијаспора во Берн во 2016 година. Мислите дека случајни се ваквите брзања за пописот? Размислете повторно.
На нас Македонците ни останува ваквите замисли да ги осуетиме и спречиме.
Како може обичен, неорганизиран и разединет народ тоа да го направи?
Лесно, со тоа што ќе одбие да им ја игра веќе договорената игра, во која Македонецот допринесува само со привид за реалните состојби, преку мирно попишување, слично на телињата кога ги носат во кланица, “мирно и достоинствено”.
Само со одбивање на “играта” можат да се растурат веќе договорените % кои некои веќе лиферуваат во јавноста.
Зошто #бојкот на пописот?
Бидејќи пописот пред сѐ е статистичка операција и како таква се води по одредени правила и секако потребни се логични објаснувања за евентуални нелогичности во бројките на популацијата. Само со целосен БОЈКОТ, поготово од самиот старт на пописот, во првата недела, ќе им стане јасно да договорачите дека Македонците им ја имаат прочитано намерата и дека попис ќе дозволат само и само ако е изведен регуларно и сите пропишани стандарди.
Некои од власта, свесни дека сѐ прочитани, почнаа да шират лажни вести, само за тоа ги бидува, дека ако не сте излегле, ќе сте биле малцинство во сопствената држава, која да потсетиме ни ја узурпираа северЏаните. Таквите тврдења се бесмислица, бидејќи Македонците реално постојат и реално се големо мнозинство во државата. Тоа е докажано и преку избори и на референдуми и на секое “пребројување”. Тоа им е само спин за да ме натераат да им ја играте играта.
Кога ќе осетат дека не ја постигнуваат целта, ќе почнат со закани, тоа е нивниот начин на работа. Ќе велат дека ако не се потпишете ќе има казни и такви слични притисоци.
Казни може да има само ако дадете неточни податоци, но ако “не сте дома” кога ќе дојде попишувачот нема никаква санкција.
Исто така во ова време успешна би била и одбраната со “ковид карантин”, односно опасноста од евентуален пренос на ковид од пописната комисија на вас и вашите најблиски.
Затоа, да не се плашите. Стравот овој пат ќе биде кај тие што на секој можен начин ќе ве тераат да се попишете.
Затоа, без нервози, нека се потат тие, вие уживајте во Април во времето (ако даде Господ) и БОЈКОТИPAJTE го пописот.
Линк до оргиналниот пост
https://dvizenjebojkotiram.org/text/zoshto-bojkot-na-popisot?fbclid=IwAR0T8u0tVFquz6H8EQ9KJX5jp2o8a1uKBWWGIdsOfBjqkVId4N0AYsANCas






