Ноќеска и утрово беа измерени минусни температури во целата земја, а најстудено било во Берово – 16 степени.
Во Битола се измерени -13, во Крушево – 12, во Маврово -11, во Крива Паланка и во Виница -10, во Претор -9, во Охрид, Прилеп, Штип и Струмица – 8, во Тетово и Куманово – 6, во Демир Капија – 5, во Скопје, Гевгелија и Дојран – 4 степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка 31 сантиметар, во Битола 17, во Маврови Анови и Крушево седум, во Охрид и Берово пет, во Претор, Тополчани и Ѓуриште четири и еден сантиметар во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип.(Независен)





