На дневен ред на денешната седница на Собранието на Република Македонија е и интерпелацијата за работата на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.
Интерпелацијата е поднесена од повеќе од 30 пратеници од опозициските партии во парламентот.
ВМРО-ДПМНЕ му забележува на Димитров дека со своето недоаѓање на комисиска расправа, покажал непочитување на Собранието. Секретаријатот за европски прашања е пасивен и без отчет за првите 100 дена, а третата причина за интерпелацијата е заблудата во која е доведена јавноста со тврдењето на Димитров дека Македонија има одлука за старт на преговорите со Европската унија.
„Очајниот обид да се создаде внатрешен раздор во Владата ја надминува политичката програма и нивната битка против нас како политички противници. Во ова историско преплетување и во овој контекст, ова е директен напад врз самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот“, изјави Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања.






