НАТО одби барања на двајца припадници на Армијата на Македонија за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.



Претседателот Стево Пендаровски вели дека од вкупно 150 лица во армијата и политиката, половина од нив веќе го поминале овој процес позитивно, а очекува да бидат одбиени уште 15-тина лица.

Еден од одбиените е кандидатот на Северна Македонија за главен воен претставник во седиштето на НАТО.

Името на вториот не е познато, Претседателот уверува дека тој не е фигура од политиката, објави под конспиративен наслов ТВ21.

Без сертификатот на НАТО никој не може да биде назначен на важни државни позиции каде би имал пристап до класифицирани информации.

„Кандидатот што Шекеринска го предложи, а Пендаровски го прифати, НАТО го одби. Деновиве, поради безбедносни причини, НАТО ни вратил уште едно лице кое било испратено и работело веќе година дена во Брисел. Шекеринска и Пендаровски испраќаат лица за претставници во НАТО, кои не ги поминуваат нивните филтри. Ова е меѓународен и дипломатски скандал и со него се нанесува штета на угледот на државата“, оцени, на денешната прес-конференција, Драган Ковачки од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ , пак, велат дека срамно е што ВМРИ-ДПМНЕ и Ковачки се обидуваат да го урнат угледот на Армијата и на државата…