Министерот за здравство Венко Филипче објави дека пристигнале дел од фрижидерите во кои ќе се чуваат вакцините за Ковид-19, кога и да пристигнат…
„Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините на ‘Фајзер’. За кратко време ќе биде склучен договорот со овој производител на вакцини против Ковид-19. Сите дози резервирани вакцини ќе бидат испорачани со таа динамика како што беше најавено од овој производител. Направен е и планот за вакцинација и ќе се одвива во три фази. Во планот е прецизирано кои групи граѓани во која фаза ќе се вакцинираат. Нашиот здравствен систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози вакцини на ‘Фајзер’ и Ковакс-механизмот“, изјави Филипче.





