Призна ли Пендаровски дека со Шеќеринска испратиле руски “спијачи” во НАТО?

Во своето интервју за Македонската информативна агенција (МИА) претседателот на Македонија Стево Пендаровски открива дека постојат две причини зошто НАТО може да не издаде агреман или дозвола за работа на македонски безбедносни структури кои се испратени од Скопје.



Според Пендаровски можните причини се поврзаност со корупција или контакти со непријателски служби.

Со тоа Пендаровски индиректно открива дека најверојатната причина за враќањето на македонскиот воен претставник во НАТО полковникот Зоран Секуловски е дека тој е можен “спијач” односно бил во непријавени контакти со таканаречени непријателски ривалски разузнавачки служби.

Терминот “Спијач” тајните служби го користат за луѓе кои се врбувани од странски агенции и во даден момент се активираат со одредена цел.

Полковникот Секуловски како што откри емисијата 360 Степени цела година не можеше да добие агреман за работа во НАТО односно му било забранет пристап до тајните документи и протоколи на алијансата.

Со оглед на тоа што за Секуловски кој е кандидат на министерката Шеќеринска а е одбрен од Пендаровски нема досие за корупција извесно е дека тој имал некаква соработка со служби кои се непријателски за НАТО а Македонија токму него го испратила во седиштето на алијансата што е досега невиден срам за некоја земја во историјата на организацијата.

“До овој момент можам да ви кажам грубо некои бројки, неколку збора околу статистиката затоа што слушам различни шпекулации и најголемиот број од нив не се точни. Делумно затоа што тоа е многу сензитивен процес и вистинските бројки, прецизни, а не па имиња и презимиња веројатно никогаш нема да излезат во јавност бидејќи не треба да излезат во јавност. Меѓутоа, станува збор за проверките што досега се прават за околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони и досега проверката е завршена за повеќе од половина од таа бројка – позитивно. Значи, повеќе од половина”, вели во интервјуто за МИА Пендаровски.

Тој вели дека досега се одбиени две барања, но очекува дека ќе бидат одбиени и други граѓани и ќе се дојде до бројка која нема да надмине 15 лица.

“До овој момент имаме само две, вие барате да добиете сертификат, а тоа формално правно е барањето ви е одбиено. Значи, имаме само две негативни барања, две лица се одбиени. Едниот е веќе познат во јавноста, а нашиот кандидат што требаше да биде главен воен претставник во Алијансата во седиштето во НАТО и второто лице сè уште не е познато во јавноста, меѓутоа не би сакал да шпекулирам, не е од сферата на политиката за кој интересот во јавноста е најголем. Меѓутоа, имаме досега многу мал број одбиени луѓе. Само двајца формално до овој момент. Можеби ќе има уште неколку, меѓутоа јас не очекувам дека тие ќе бидат повеќе од дузина, 10-15 максимум”, нагласува претседателот во интервјуто за МИА.

Оваа проверка според Пендаровски се спроведува по две основи и со тоа тој дава насока зошто Секуловски е вратен од Брисел.

“Проверуваат по две основи. Едната е дали имате контакти со тие ги нарекуваат малигни државни, ентитети и поединци, преведено во наш јазик дали имате некакви сознанија за тоа и тоа лице дека евентуално е блиску до некои шпионски канали или комуникации, а втората е висока корупција. И кога ги прашував луѓето од НАТО зошто висока корупција, тоа би требало да биде надвор од оваа организација, која се бави со безбедност и со разузнавање, исто така вели ако е некој склон, тоа не се докази повторувам, дека некој е корумпиран или не е доказ дека некој е шпион на друга држава, меѓутоа ако некој е склон, вели, тој збор го употребуваат, ако некој инклинира кон висока корупција може да биде лесна цел и за шпионажа. Значи, тоа се тие две главни основи, по кои тие ги проверуваат. Нè проверуваат сите нас”, вели шефот на државата во интервјуто кое го пренесува Канал 5