Уште 370 казнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија се регистрирани се 370 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, информира Министерството за внатрешни работи.



МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со пандемијата на коронавирусот.