Резил: Социјалдемократите се пофалиле со туѓа донација

Младите социјалдемократи вчера среде јануари се пофалија дека далеку по почетокот на грејната сезона обезбедиле греење и топла вода за студенти од скопски студентски дом.



Но нивната фалба има две мани. Освен тоа што признаа дека дозволиле 90 дена студентите да се бањаат со студена вода и живеат во студени соби тие се пофалиле со туѓа донација.

Нафтата за греење не ја обезбедила државата туку приватна компанија што е резил сам по себе затоа што така покажуваат дека буџетот на министерството за образование е празен и нема пари за загревање на студентите.

“Компанијата Gulf донираше 9 тони екстра лесно гориво, за потребите на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје. Поради технички проблеми студентите во домот беа соочени зимскиов период, покрај ситуацијата со пандемијата да го минуваат во дополнително отежнати услови. Состојбата наложи потреба на која сме горди што можевме да излеземе во пресрет со оваа донација. Студентите се иднината на нашето општество, грижата за него е дел од нашата корпоративна политика и компанијата Gulf ќе продолжи понатаму со вакви активности”, пишува во соопштението на компанијата која ја донирала нафтата.

Дали компанијата ГУЛФ е во сопственост на младите социјалдемократи или тие само се обидоа да ја злоупотребат донацијата од приватната фирма за политички цели е прашање на кое треба да одговорат СДММ и компанијата.

А министерката Царовска и владата треба да одговорат зошто би буџетот нема пари за набавка на нафта за студентите и тие биле оставени да се мрзнат три месеци.

Да биде срамот поголем во својата фалба СДСМ зборуваат за решавање на непредвидливи ситуации како да не очекувале дека студентите ќе треба да се греат во текот на есента и зимата.

Среде јануари СДСМ се пофали дека обезбедиле греење за студенти