Анкета: Катастрофален имиџ на владата за битка со корупцијата

Поразителни резултати од анкетата во која емисијата ЕуроФокус на Телма и МЦМС испитувале колку граѓани веруваат во способноста на владата да се соочи со корупцијата.



Само 23 % од граѓаните сметаат дека Владата има капацитет за битка со корупцијата.

“Мнозинство од граѓаните 71,8 % сметаат дека Владата нема капацитет за справување со корупцијата, а 23,4% сметаат дека има”, открива Боби Христов уредник во Телма.

Според истражувањето само 4,8 % од граѓаните не знаат или одбиваат да одговорат на прашањето.

Анализа на резултатите на анкетата покажува дека дури и голем дел од гласачите на владеачките партии СДСМ и ДУИ не веруваат во капацитетите на власта да се справи со корупцијата.