По ЕУ Софија на Македонија ќе и забрани влез во цивилизираниот свет

Бугарскиот националист и европратеник Ангел Џамбаски на социјалните мрежи го коментираше инцидентот кој се случи на Вевчанскиот карневал, кога беше запалено бугарското знаме.



„Грдо, подло, одвратно, брутално и гротескно навредување на Бугарите! Уште еден доказ за жестоки агресивни антибугарски чувства, намерно негувани.

Дефинитивно нема да дозволиме сквернавење на националните симболи, како и на кој било друг вид на изразување на омраза, што е измама на сеќавањето на нашите предци! Ние инсистираме на итни реакции од Скопје.

За време на целиот карневал имаше антибугарски провокации, организирани од две групи, кои завршија со демонстративно палење на најмалку две бугарски знамиња пред стотици луѓе. Уште колку примери треба да се илустрираат за да стане јасно дека таквата Македонија не може да има место ниту во ЕУ ниту во цивилизираниот свет”, напиша Џамбаски на својата страница на Фејсбук.

Џамбаски исто така го коментира ликот во бугарска воена униформа со свастика на раката.

„Една фотографија покажува човек со свастика на ракавот (веројатно еден од претставниците на бугарската администрација во Македонија за време на Втората светска војна, во која Бугарија застана на страната на Германија. Бугарија постојано бара од Македонија, повикувајќи се на овој историски период, да престанете да ги нарекува Бугарите „фашисти“ и „окупатори“)”, вели тој.

Џамбаски е дел од бугарските националисти на партијата на вицепремиерот Каракачанов.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3031368753632468&id=139581756144530