Владата на холандскиот премиер Марк Руте поднесе колективна оставка по извештајот во кој беше обвинета за лошо управување со субвенциите за згрижување деца.
Тоа доведе илјадници семејства во финансиска пропаст, пренесува националната телевизија НОС.
Премиерот Руте за таа одлука уште денеска ќе го извести кралот Вилем-Александар и ќе одржи прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Ова е трет пат како кабинетот на Руте паѓа поради афера околу додатоците за згрижување деца, два месецa пред изборите за долниот дом на парламентот.
Руте, кој е на функција од 2010 година, на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела измината деценија, е срамна.





