Среде јануари СДСМ се пофали дека обезбедиле греење за студенти

Владеачката партија СДСМ односно младите социјалдемократи среде јануари се пофалија дека обезбедила греење и топла вода за студенти од еден скопски студентски дом.



“Студентите од Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” добиваат греење и топла вода, Управата ја обезбеди потребната количина на екстра лесно гориво.

Продолжуваме со транспарентно водење на институциите, грижа за студентите и ефективно решавање на непредвидливите ситуации”, објави СДММ на својот профил.

Во постот не пишува зошто за проектот се фали политичка партија која нема никакви ингеренции за студентскиот дом ниту што правеле студентите од почетокот на ноември кога почна грејната сезона до 15 јануари.

Од постот може да се заклучи дека студентите половина зима немале топла вода и греење за што никој досега не презема одговорност.