Во гостување во вестите на Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека со законот за попис, власта прави насилство врз граѓаните на Македонија.



„На сила се тера целата работа, се гледа пописот како политичка, а не статистичка операција. 

Се обидовме преку 40 амандмани да го поправиме законот за попис. Никој не ги прифати тие 40 амандмани, па затоа се одлучивме на граѓанска иницијатива која очекуваме да биде прифатена од претседателот на Собранието. Со тоа ќе се укине законот за попис“, изјави Мицкоски.