Одбојкарската репрезентација на Македонија со втората победа над Босна и Херцеговина, овојпат со 3:0, го обезбедија второто место во групата Ц од квалификациите за Европското првенство 2021.



Од турнирот во Скопје останува уште реваншот со фаворитот Турција в сабота од 18 часот во арената „Борис Трајковски“, во кој „црвено-жолтите“ ќе атакуваат на секој поен, сет, бод, а со победа сигурно би избориле второ ЕП едноподруго.

Откако по 18-18 во првиот сет со фуриозен финиш го освоија со 20-15, македонските одбојкари мораа да запнат во завршницата и на вториот, кој го добија со 26-24, за во третиот да му допуштат само 13 поени на деморализираниот ривал.

Александар Љафтов беше најкорисен играч во составот на селекторот Никола Матијашевиќ со 21 поен, четири повеќе од капитенот Никола Ѓорѓиев.