Трамп се пишмани: Го осуди минатонеделниот упад во Капитол

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата вечерта го осуди насилството што се случи во Капитол минатата недела, а во видео порака објавена на Твитер, тој не го спомена отповикувањето изгласано синоќа од Претставничкиот дом.



„Сакам да бидам многу јасен, недвосмислено го осудувам насилството што можевме да го видиме минатата недела. Насилството и вандализмот апсолутно немаат место во нашата земја или во нашето движење“, порача американскиот претседател чиј мандат истекува на 20 јануари.

Снимената видео порака на профилот на Твитер во Белата куќа, откако платформата трајно го избриша неговиот претседателски профил.

Претставничкиот дом синоќа гласаше за отповикување – „поттикнување бунт“ – во врска со говорот на Трамп пред илјадници негови приврзаници непосредно пред тие насилно да упаднат во зградата на Конгресот во Капитол, прекинувајќи ја седницата на 6 јануари што требаше да формално да биде потврдена победата на Џо Бајден на изборите на 3 ноември.

Пет лица го загубија животот при насилствата во Капитол.