Владата на Бојко Борисов му предложи на претседателот Румен Радев да му додели орден „Стара Планина“ на копретседателот на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски и за образовни прашања, Ангел Димитров.
Во образложението на предлогот се наведува дека историчарот и прв бугарски амбасадор во Македонија „има заслуги за развојот на односите на Бугарија со државите од Западен Балкан и придонес за заштитата на бугарските национални интереси“.






