Мицкоски: Не ни треба политички мотивиран попис

Германија,Ирска, Ирска, Романија, Србија, Бугарија, се некои од земјите кои ги одложија пописите поради пандемија, само Заев сака да спроведе политички фалсификат, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



„Станува збор за многу поразвиени земји од нашата, но и држави од соседството кои поради неможноста да се споведе оваа статистичка операција ја одложија за една година“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека преку поширока дебата треба да се дојде до консензуално решение за начинот на спроведување на пописот, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Предлагаме владејачкото мнозинство да го повлече законот за попис од собраниската дебата и да организира внатрепартиска и внатредржавна дебата на целата територија на Република Македонија, да ги обедини сите политички чинители и општествени фактори, за да се дојде до консензуално решение – како треба да изгледа оваа статистичка операција“, рече Мицкоски.

Доколку пак барањето на ВМРО-ДПМНЕ биде игнорирано и „биде спроведен политички мотивиран попис, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае неговите резултати“, нагласи Мицкоски.