Вицепремиерот за борба против корупцијата и екс-генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во септември ланија пофали посветеноста на Владата за подобрување на системот со донесената одлука за уривање на дивоградбата во ТЦ Мавровка која е бесправно изградена на местото каде порано се наоѓаше кафуле кое настрада во пожар.
„Со одлуката за уривање на дивоградбата кај Мавровка на денешната прва седница на Владата ја покажуваме заложбата за вртење на вниманието навнатре, за отпочнување процеси на подобрувања во рамки на системот“ напиша тогаш Николовски на Фејсбук.





