Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева во изјава за бугарскиот весник „Дневник“ вели дека Бугарија која има интерес за проширување на ЕУ отворено го блокираша тоа, а „земјите кои немаат, молчат и искористуваат.
Чернева вели дека пдосегашниот ротирачки претседавач со ЕУ, Германија, предупреди дека португалското претседателство со ЕУ нема да биде најдобриот период за проширување, а дека и Лисабон го потврдува ова.
„Земјата од Пиринејскиот полуостров не гледа кон Балканот, туку кон Африка. Минатата недела, постојаниот претставник на Португалија во ЕУ, Нуно Бриту, рече дека ‘нема потреба да брзаме да предлагаме нови заклучоци за проширувањето“ и дека Португалија ќе биде претпазлива.
Чернева прашува „Дали ова значи дека Бугарија не е целосно сама и погрешно разбрана во своите барања? Никој во ЕУ сè уште не изразил поддршка за својата позиција, но зад овој молк стои уште еден проблем: остануваат разликите околу потребата за проширување на ЕУ.

„Бугарија не е сама како причина за запирање на проширувањето“, вели за Дневник Весела Чернева.
„Постојат најмалку уште четири земји кои се скептични кон проширување, но немаше потреба да се прави ништо затоа што Бугарија ја заврши валканата работа.
Пред Бугарија, Франција, Данска и Холандија беа кочница за проширувањето, а Финска исто така покажува евроскептични ставови.
„Не очекувам никаков напредок за време на португалското претседателство вли Чернева.
Околу очекувањата на некои аналитичари видоа кои гледаат кон словенечкото претседателство во втората половина на годината , чернева вели:
„За Словенија приоритет е регионалната соработка, создавање регионален пазар кој ќе функционира подобро и ќе му помага на словенечкиот бизнис. Во оваа фаза, не очекувам Словенија да ги има потребните ресурси и политичка волја“, вели Весела Чернева.





