Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кофишопови” каде, како што првенствено се продава и конзумира марихуаната
пишува и „Гардијан“.



„Во последниве години, видовме дека побарувачката за канабис во Амстердам е неверојатно зголемена – изјави Халсема во интервју за јавната телевизиска станица НОС .

„Ова главно се должи на зголемувањето на бројот на туристи, додаде таа, истакнувајќи дека некои од нив се „канабис туристи” кои доаѓаат во Амстердам единствено да ја консумираат дрогата.

Овие „туристи” се извор на проблеми за центарот на градот, рече градоначалничката.

Според податоците на Министерството за јавно здравје, Холандија има 570 „кофишопви”, а според податоците на Амстердам, во тој град има 166, или 30 отсто од сите во Холандија.

Од 1970-те, холандската влада ги толерира оние продавници што продаваат канабис, но производството и снабдувањето со канабис се, сепак, нелегални.